Видео: MIYATTA преработи песна од Драган Каранфиловски-Бојс и ја промовираше со видео запис

7 октомври 2019

Нашата позната уметница MIYATTA ја преработи песната „Бај бај" од Драган Каранфиловски-Бојс, што групата „Буба Мара" ја изведе на Макфест во 1988 година.

Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски - Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата.

Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.

„Ова е прв пат да преработам македонска песна а токму оваа претставува за мене емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација", вели MYATTA.

Преработката на песната е проследена со колоритен видео запис што имате можност да го погледнете во продолжение.

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
138 пати