(Видео) Наскоро ќе гледаме нова серија со Никол Кидман и Хју Грант

11 август 2020

Можеби ова време не е најпогодно за филмски премиери, но за среќа има серии кои со нетрпение се очекуваат. Една од нив е „The Undoing“, каде во главните улоги се Хју Грант и Никол Кидман.

Се работи за мини-серија од шест епизоди, а ако треба да се смести во некаков жанр, би можела да се нарече мистерија.

Дејството го следи животот на Грејс Сакс, успешна терапевтка и семејна жена, која ја толкува Никол Кидман. Во брак е со детскиот онколог Џонатан, кој го толкува Хју Грант, а имаат и едно машко дете. 

Тој оди во најелитното училиште во Њујорк, а семејството живее мирно, како што Грејс отсекогаш посакувала. Но, сè се менува кога после една насилна смрт, нејзиниот сопруг исчезнува и кога матните случувања ќе почнат да се разбиструваат. Јавноста ќе дознае ужасни работи за неговото минато, како и тоа дека таа како мајка ќе мора да започне нов живот со синот.

Режисер е Сузан Бир, авторка на остварувањето „Bird Box“, но и добитничка на Оскар во 2011 година, за најдобар филм надвор од европското говорно подрачје за филмот „Hævnen“ и многу други забележани проекти.

Серијата пак, претставува адаптација на романот „You Should Have Known“ на писателката Џин Ханф Коровиц. За сценариото се погрижил Дејвид Кели, со кој Кидман веќе соработувала на снимањето на серијата „Big Little Lies“.

Покрај Кидман и Грант, во серијата се појавуваат и Едгар Рамирез, Исмаел Круз Кордова, Лили Рејб и други меѓу кои и Доналд Сатерленд.

Погледнете ги трејлерите во продолжение. Премиерата е закажана за 25. октомври, на HBO:

 

 

Објавено:
11 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
486 пати