(ВИДЕО): „Од пријател до пријател“ - онлајн концерт со фини ретро рок нумери

21 април 2020

Во овој период на изолација, ако ништо друго имавме можност веројатно повеќе од било кога, да посведочиме на креативност, досетливост и да уживаме во убава уметност, а пред сè во одлична музика и фантастични онлајн изведби.

Токму во тој контекст е онлајн концертот кој се одржа викендов насловен како „Од пријател за пријател“. На иницијатива на вокалистот на групата „Реквием“, Георги Гавровски, голем број музичари од Македонија и државите од поранешна Југославија, се согласија да направат вистинско уживање за сите што се дома, а пред сè за љубителите на фини рок нумери.

Песни од „Вајтснејк“, Влатко Стефановски, група „Азра“, Дадо Топиќ, Балашевиќ, ЕКВ се само дел од нивниот избор.

Покрај „домаќинот“ Гого „Реквием“, во овој онлајн концерт од Македонија учество земаа и Дарко Тасев, Ареа, Дамјан Јанев, Наташа Миха и многу други.

Комплетната листа на учесници ја имате на линкот во продолжение.

А овде е и речиси двочасовниот концерт. Па вечерва, наточете си убаво вино, бидете во убаво друштво и слушајте убава музика:

 

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
165 пати
Тагови: 
онлајн концерт