(Видео) Се потсетуваме на дел од најубавите евергрини испеани на „Макфест“

20 октомври 2022

Овој викенд ќе биде во знакот на реномираниот фестивал на забавни мелодии „Макфест" кој во своите речиси четири децении постоење ни подари прекрасни евергрини кои ја збогатија историјата на македонската поп музика, профилирајќи се во музички бренд и најголем промотор на македонската забавна сцена.

По 37-ми пат утре и задутре, Штип ќе биде домаќин на веќе етаблирани поп изведувачи, но ќе имаме прилика на сцената на културниот дом „Ацо Шопов" да се запознаеме и со новата генерација млади таленти.

Во меѓувреме, направивме листа и се присетуваме на неколку од низата големи поп хитови кои се родија токму на сцената на „Макфест".

 

 

Објавено:
20 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
748 пати