Видео што грее: Дечиња со Даунов синдром ѝ ги носат бурмите на својата докторка на венчавката

27 април 2020

Видеата како ова што ќе го видите подолу, се од оние што ја враќаат вербата во љубовта, посветеноста, грижата, искреноста... Ја враќаат вербата во најдоброто во човекот.

Имено, снимен е моментот кога дечиња со Даунов синдром влегуваат во црквата и ги носат бурмите на својата докторка и нејзиниот парнер.

Да биде ситуацијата уште поемотивна, таа не знае ништо за ваквиот гест, па не може да ги сопре солзите и изразот на лицето од кое зрачи љубов и благодарност.

Ова видео грее од емоции, а воедно е потсетување дека кога се искрените емоции во прашање, сите сме еднакви.

Погледнете:

 

Објавено:
27 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.971 пати