Викенд дестинација: Изложба на академик Васко Ташковски во Даут пашиниот амам

18 декември 2021

Искористете го викендот да ја исполните душата со врвна уметност, во прекрасен амбиент во објект - споменик на културата.

Во Даут пашиниот амам, погледнете ја изложбата на еден врвен македонски автор, како што е академик Васко Ташковски.

Оваа прекрасна ретроспективна изложба на која се изложени 140 дела од авторот, ќе можете да ја погледнете до 15 јануари 2022, секој ден во неделата, освен понеделник (од вторник до недела), од 10 до 18 часот.

Извор: Национална галерија

 

Објавено:
18 декември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
195 пати