Викендов: Wu-Tang Clan, Fatboy Slim, Nina Kraviz и многу други на Sea Star стрим-фестивалот

21 мај 2020

Четвртиот „Си Стар" (Sea Star) Фестивал официјално е одложен за 2021 година, но организаторите од тимот на „ЕГЗИТ" се погрижија на датумите кога требаше оригинално да се одржи, од четврток 21-ви до недела 24-ти мај, да го претстават првиот регионален „стриминг" фестивал! „Си Стар Стрим Фестивал" (Sea Star Stream Festival) ќе ги донесе настапите на глобалните и регионалните музички херои кои од 2017 до 2019 ја испишуваа историјата на лагуната Стела Марис во Умаг. „Ву-Танг Клан", „Фетбој Слим", Нина Кравиц, „Модстеп", „Дубиоза Колектив", „Хладно Пиво", „Бајага и Инструктори", „Урбан енд 4", Војко В, „Ниплпипл", „Спилер", Умек, Петар Дундов, Марко Настиќ, „Елементал" и Сасја се музичарите со чии снимки од настапите на двете главни бини на „Си Стар" – „Адико Тесла" сцената и „Наутилус" Арената – публиката и овој мај ќе може барем виртуелно да скокне до Умаг.

Настапите ќе се емитуваат во вистинскиот фестивалски формат и саатница, од четврток до недела со почеток во 19:00 и 19:30 часот.

Четврток, 21 мај
19:30 – Vojko V
20:35 – Nipplepeople
21:30 – Nina Kraviz
23:45 – Spiller

Петок, 22 мај
19:00 – Sassja
20:00 – Modestep
20:40 – Wu-Tang Clan
22:00 – Umek

Сабота, 23 мај

19:00 – Hladno Pivo
20:00 – Bajaga i Instruktori
21:30 – Fatboy Slim
23:10 – Petar Dundov

Недела, 24 мај
19:00 – Elemental
20:00 – Urban & 4
21:00 – Dubioza Kolektiv
22:30 – Marko Nastić

Сите снимки ќе бидат емитувани на официјалните интернет и „Фејсбук" страници на „Си Стар" Фестивалот.

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
75 пати