Вистинско музичко уживање: Виртуелни хорови шират позитивност со фантастичните онлајн изведби

28 март 2020

Со оглед на тоа дека речиси целиот свет е во изолација, на Интернет се појавија бројни предизвици за да минува времето што побрзо, а воедно да се покаже солидарност и да се пренесе порака дека никој не е сам.

Нам вниманието ни го привлече предизвикот #VirtuelChoir. Под оваа ознака можете да видите бројни изведби на познати музички композиции од луѓе ширум светот  од луѓе кои функционираат како онлајн хор.

Некои од хоровите веќе функционираат заедно, но има и такви што се приклучуваат на предизвикот и за првпат пеат заедно.

Резултатот од овој предизвик е фантастична музичка изведба, а во истовреме и позитивна мисла, љубов и расположение, моќ што ја има само музиката, односно уметноста.

Во продолжение, ви пренесуваме дел од изведбите на кои ние наидовме и кои нам ни оставија впечаток и направете си го викендот поубав:

 

Објавено:
28 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
221 пати