Влезниците на „Рибља Чорба“ во продажба од понеделник

11 јуни 2021

После долга пауза без настани и концерти, „Авалон продукција“ одлучи да ја врати забавата во градот. 

Сезоната почнува со концерт на „Рибља Чорба“ на 27 јуни, пред платото на „А1 Арената“, кој ќе можат да го следат само 2.500 посетители.

Ако сакате да бидете дел од оваа манифестација, влезниците ќе бидат во продажба од понеделник.

„Согласно постоечките протоколи за одржување на настани на отворено, во продажба ќе бидат пуштени само 2.500 влезници (иако на локацијата собира 6.000 посетители) и тоа во понеделник на 14-ти јуни од 09 часот наутро“, велат од „Авалон“.

Влезниците по цена од 600 денари ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон Продукција, Југотон во ГТЦ, цвеќарница „Розе" Веро 2 и онлајн на avalon.mk.

 

Објавено:
11 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
111 пати