Во Данска: Публиката седната во автомобили следи концерт во живо

19 мај 2020

Пандемијата со Ковид-19 ја предизвика и социјалната дистанца, за која се верува дека е една од превентивните мерки за да го зачуваме здравјето.

Тоа (ќе) оформи нови начини на комуникација и функционирање. А во контекст на тоа е и овој пример од Данска.

Имено, неодамна во градот Орхус, музичарот Мадс Лангер одржал концерт, кој изгледал малку поинаку од она на што вообичаено бил навикнат. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mads Langer (@madslanger) onMay 17, 2020 at 5:44am PDT

 На периферијата на градот има поставена сцена на која Лангер одлучил да настапи. Обожавателите на неговата музика овој пат можеле да ја следат преку пренос во живо (преку stereogum). Но, жителите на Орхус биле креативни, па на местото дошле со своите автомобили од кои го гледале музичарот, а неговата музика ја слушале преку радијата во автомобилите, каде се вршел пренос во живо.

Мадс бил задоволен од тоа како настанот поминал, особено бидејќи очекувал послаб одзив.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mads Langer (@madslanger) onApr 26, 2020 at 10:47am PDT

„Моментот кога ќе се сретнеш повторно со својата публика, иако тие седат на сигурно во своите автомобили“, напиша музичарот на Инстаграм.

Низ неговата призма, изгледа како да настапувал на паркинг, но сепак позитивно е што луѓето нашле начин да уживаат во музиката што им се допаѓа и да го испочитуваат изведувачот кој сакаат да го слушаат. Затоа, во изминатиов период одржа неколку вакви концерти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mads Langer (@madslanger) onApr 24, 2020 at 10:53am PDT

 

Но, се поставува прашањето, доколку мерките против Ковид-19 продолжат уште извесен период, ќе биде ли ова сликата од концертите и во иднина?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mads Langer (@madslanger) onMay 6, 2020 at 3:38am PDT

 

Објавено:
19 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
231 пати