Во хеликоптерска несреќа загина НБА легендата Коби Брајант!

26 јануари 2020

Светот денеска го потресе трагична вест. Во хеликоптерска несреќа животот го загуби НБА легендата Коби Брајант.

Како што пренесуваат светските медиуми, во хеликоптерот настанал пожар, а во него освен Коби биле уште четири други лица, меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џиана. Никој од нив не успеал да преживее во несреќата која се случила во близина на Калабасас, Калифорнија.

Причината за пожарот сè уште се утврдува.

Познато е дека Коби Брајант многу често за патување го користел својот приватен хеликоптер.

Легендата на Лејкерси беше петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар" натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали.

Објавено:
26 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.025 пати