Доколку патот ве однесе накај Лондон, ова е предлог каде би можеле да појдете. Се работи за „Coppa Club“ кој се наоѓа на Тауер Бриџ.
Основан е во 2015 година, а покрај ова има ресторани, барови на уште шест локации во градот, каде како што велат тие што биле, има фантастична храна, вино и коктели, со пристапни цени. А фокусот е ставен на европски јадења.
Но, од сите нив, овој на Тауер бриџ е посебно магичен и тоа во зима.
На терасата се поставени стаклени игла, каде може да вечерате, а кои се совршено осветлени и прават посебна магија.
Инаку, иглата се со греење, во нив има место за осум луѓе. Ова е едно од омилените места на лондонци, па велат дека местата се резервирани дури по неколку месеци однапред.
Ништо помалку не е атрактивно и во лето, а погледнете и зошто е тоа така: