Во Лондон ја има најубавата тераса што некогаш сме ја виделе

19 ноември 2019

Доколку патот ве однесе накај Лондон, ова е предлог каде би можеле да појдете. Се работи за „Coppa Club“ кој се наоѓа на Тауер Бриџ.

Основан е во 2015 година, а покрај ова има ресторани, барови на уште шест локации во градот, каде како што велат тие што биле, има фантастична храна, вино и коктели, со пристапни цени. А фокусот е ставен на европски јадења.

Но, од сите нив, овој на Тауер бриџ е посебно магичен и тоа во зима. 

На терасата се поставени стаклени игла, каде може да вечерате, а кои се совршено осветлени и прават посебна магија. 

Инаку, иглата се со греење, во нив има место за осум луѓе. Ова е едно од омилените места на лондонци, па велат дека местата се резервирани дури до јануари 2020. 

А погледнете и зошто е тоа така:

 

 

Објавено:
19 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.832 пати