Во Лондон ќе се постави статуа од Ејми Вајнхаус

22 август 2014

Сеќавањата за британската пејачка Ејми Вајнхаус  ќе бидат овековечени со статуа која ќе биде поставена близу некогашниот дом на пејачката во Лондон. Бронзената статуа ќе биде откриена во месец септември на денот на нејзиниот роденден. Мич Вајнхаус, таткото на Ејми изјавува дека неговата ќерка сега засекогаш ќе го „надгледува“ својот роден град.

Статуата е дело на уметникот Скот Итон, а точната локација каде ќе биде поставена е во северниот дел на градот во општината Камден каде има многу туристи и улични изведувачи. Инаку, Ејми Вајнхаус почина од труење од алкохол на 23-ти јули 2011 година, а својот последен концерт имаше во Белград месец дена пред да почине.

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Култура