„Во моите чевли“ – аларм за проблемите на лицата со попречен вид, Даунов синдром и церебрална парализа во процесот на купување облека

13 ноември 2018

Во сабота (17. ноември) со почеток во 19 часот, во Мала станица ќе биде поставена изложбата со модни фотографии „Во моите чевли" која претставува проект од инклузивен карактер чија цел е да ги истражи потребите и проблематиките со кои се среќаваат лица со попречен вид, Даунов синдром и церебрална парализа во процесот на селекција и купување на облека.

Преку оваа изложба публиката ќе има можност да се запознае со различните потреби на секој од учесниците во проектот: Никола Колев, Јулијана Петровска, Искра Донева, Ема Ананиевска и Игор Петров.

Автори на проектот се модните дизајнери Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, и специјалниот едукатор Росица Колева, а фотографиите ги потпишува Елена Бојаџиева.

Соработници: Јована Соколоски (фризура), Ирена Сенокозлиоска (шминка), Небојша Пешевски (шминка)
Лектори: Мајда Шабанова, Марија Драговиќ, Наташа Пешевска
Пријатели: Гораст Цветковски, Ирина Крстевска (асистент), Денис Јагџи (асистент), Соња Ставрова (асистент), Јане Наумоски (видео), Reborn и ВидиВака.

Фото извор: Фан страна „Во моите чевли“

 

 

 

 

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
382 пати