Во Ниш се отвори кафуле инспирирано од серијата „Пријатели“

29 мај 2020

Омиленото место за средба на позната шесторка - Рејчел, Фиби, Моника, Рос, Чендлер и Џои беше во кафулето „Central Perk“.

Иако измислено место, многумина преку серијата го дожвивуваа како реално да постои, а истото послужи како инспирација за бројни реплики.

Една таква од неодамна доби и градот Ниш. Во боите карактеристични за кафулето од серијата, со ист назив и фотографии од шесте омилени тв-ликови на ѕидовите, бргу го привлекува внманието и е на некој начин вистинска временска машина за оние што растеа со „Пријатели“.

Иако во моментов патувањето не е баш најсигурен избор, сепак можете да го ставите на листата на места кои би сакале да ги посетите, а посебно доколку важите за фан на серијата.

Погледнете како изгледа:

 

фото: facebook.com/Central-Park-cafe-Nis

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.553 пати