Во Севиља: Соседите од цел блок се излезени на терасите и вежбаат

18 март 2020

Видовме како Италијанците се бодрат, а духот не ги напушта ни Шпанците. На социјалните мрежи се појави видео од Севиља кое ќе ве воодушеви.

Имено, во еден кварт во споменатиот град, инструктор по фитнес одлучил да им помогне на соседите. Тој се качил на врв на зграда и почнал да покажува вежби кои луѓето од спротивниот блок згради со задоволство ги следиле.

Речиси сите соседи се излезени на нивните тераси и ги следат неговите движења.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement) onMar 14, 2020 at 3:00pm PDT

 

Секако, со вежбите, тренерот овозможил и соодветна музика, па со тоа забавата е загарантирана. Граѓаните на тој начин успеале да ги оттргнат лошите мисли, а и направиле нешто добро за своето општо здравје и за телото, кое треба да остане во добра форма и во периодот на изолација.

Стручњаците велат дека после некое време, затвореноста во домот може да почне негативно да влијае на човековата психа, па затоа вакво групно вежбање и музиката, се едни од најдобрите лекови и сега, а и генерално.

Инаку, според последните статистики, Шпанија стана четвртата земја од висок ризик од Ковид 19.

 

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
884 пати