„Вог“ воодушевен од хрватскиот остров Лошињ

18 јули 2017

Хрватска има одлична реклама кога се познатите светски медиуми во прашање. После „Њујорк Тајмс“, „Гардијан“ и други, свој предлог за тоа што да посетите во оваа земја за време на летниот одмор даде и „Вог“.

Се сеќавате, и Охридското Езеро се најде меѓу предлозите на ова списание во контекст на тоа кои места на Балканот мора да ги посетите.

Овој пат, тимот на „Вог“ своето воодушевување го пренесе за островот Лошињ.

фото извор:losinj-hotels.com

Бистро море, чист воздух, богата флора и фауна, благата медитеранска клима се само дел од нештата кои ќе ве привлечат да отидете овде.

Поради положбата (на средината на северната хемисфера), во светот е познат и како климатско лекувалиште, а го нарекуваат и Остров на виталноста. Климата многу помага кај распираторните болести и алергии, а и Центарот за хемодијализа е едно од здравствено-туристичките одредници поради кои Лошињ го привлекува вниманието.

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

Разликата помеѓу просечните годишни најниски и највисоки температури е незначително мала, што е одлично за развој на бујна вегетација.

Според некои истражувањата, на островот Лошињ се идентификувани дури 1018 растителни видови. Така, островот изобилува со лимун, портокали, смокви, мандарини, маслинки, кактуси, лаванда, борови, чемпреси....

фото извор: veseli-apartmani.com

Тоа што нема змии отровници е само уште една придобивка.

Низ историјата, Лошињ е познат како важна поморска лука, а во 1996 година во местото Оријула, во близина на островот е пронајдена античка статуа Апоксимен, од непроценлива вредност. Се верува дека статуата е фрлена во море за време на олуја, бидејќи претставувала дополнителен товар на бродот на патот кон Италија или северен Јадран.

фото извор: cres-losinj.net

фото извор:adria-yachting.com

Во 19-тиот век, Лошињ е еден од водечките регионални поморски сили, а градот Мали Лошињ (зад Трст) е втора најважна лулка на Јадранот. Жителите на овој остров биле познати како најдобри поморци на Медитеранот.

Туристичката историја започнува од 1885 година, а здравствениот туризам бил првиот облик на туризам. Во јануари истата година е регистриран и првиот турист на островот.

фото извор: veseli-apartmani.com

Првиот хотел се викал „Видобона“ и изграден бил 1887 година. Во 1892 година, од страна на Министерството за здравство на Австро-унгарската монархија, Лошињ е прогласен за климатско лекувалиште, а воедно и едно од омилените летувалишта на тамошната аристократија.

За комплетно одморање на телото и душата, тамошните луѓе препорачуваат да се дојде во пролет, зима или есен.

Хотелите нудат соодветни програми за ослободување од стрес како и разни велнес програми.

фото извор: wish.hr

Поради ведрината на небото, Мали Лошињ станува привлечен и за астрономите ширум Европа и САД, со што се стекнува со светски глас. Летниот туризам пак, почнува да се развива во 1905 година.

Островот се простира на површина од 74.37 км. Боровите шуми се негов затшитен знак и зафаќаат најголем дел од површината. Сепак, има шесткилометарско шеталиште.

Погледнете ги и останатите фотографии и уверете се дека ова е навистина Остров на мирот и идилата.

фото извор: Pinterest

фото извор: val-losinj.hr

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор: veseli-apartmani.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:losinj-hotels.com

фото извор:hrvaska.net

фото извор: YouTube

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

фото извор: cres-losinj.net

 

 

Објавено:
18 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
636 пати