Време е за Саемот на книгата!

6 мај 2015

3

Љубителите на убавиот пишан збор, од вчера па сè до 11-ти мај ќе имаат можност да ја разгледаат понудата на домашните и странски издавачки куќи, а во рамките на Саемот на книга. Оваа година се одржува по 27-ми пат, а во рамки на програмата се вклучени литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ.

Fashionel.mk беше дел од првиот ден. Прошетавме низ штандовите, а ги посетивме и нашите пријатели од Матица.

11

-Ако се водиме по тоа по утрото денот се познава, на првиот ден од саемот задоволителна е посетеноста. Јас сум претежно кај одделот за македонските автори. Актуелна е новоизлезената книга на Зорица Петкоска, Зборигами, визуелна поезија. Исто така се бара новиот роман на Верче Каранфиловска, „Бездомникот со златен часовник“, и новиот на Јован Илиевски, „Книга на животот“. Тоа се воедно и нашите млади автори кои ветуваат многу. Кога се бестселерите во прашање, македонците сакаат да читаат „Девојчето на гребенот“, „Полноќна роза“, трилерите од Баркли, Донато Каризи. Всушност, нека дојдат граѓаните и нека ја видат нашата понуда, она што е сигурно е дека за пристојни цени ќе добијат квалитена содржина – ни рече Антонио Павловски.

12

На линкот овде можете да ја видите програмата за сите денови, а во продолжение погледнете како изгледа Саемот на книга низ призма на нашиот објектив.

1

2

4

5

6

7

8

9

10

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Култура