Втора година по ред: The Rock е најплатениот актер на денешницата

13 август 2020

Секоја година, „Форбс“ објавува листа на најплатени актери во претходната година (во период од јуни до јуни).

Оваа 2020 година ги помати плановите на филмската индустрија, па голем дел од филмовите не ги доживеаја своите премиери, а кино-салите поголем дел од времето не се во функција.

Сепак, дел од остварувањата имаа стриминг премиери, а во тој контекст „Нетфликс“ може да се пофали со продуктивна година. Токму затоа, нема да биде грешка ако се рече дека оваа куќа е заслужна за најголемиот дел од заработувачката на најплатените актери за годинава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by therock_official_page_ (@therock_official_page_) onAug 12, 2020 at 3:40am PDT

Така, втора година по ред, на врвот на листата најплатен е актерот Двејн Џонсон, познат како The Rock. За една година остварил заработувачка од 87.5 милиони долари, од кои 23.5 милиони дошле токму од филмот на „Нетфликс“, „Red Notice“.

Рајан Рејнолдс, кој инаку глуми во споменатиот филм, е на второто место со заработувачка од 71.5 милиони. На трето место е Марк Волберг со 58 милиони, а зад него е Бен Афлек со 55 милиони долари благодарение на хонорарите од филмовите “The Way Back“ и „The Last Thing He Wanted“.

Листата за најплатени актери се' уште не е објавена, а во продолжение погледнете кои актери се најдоа меѓу најплатените 10 за годинава:

Двејн Џонсон – 87.5 милиони долари
Рајан Рејнолдс – 71.5 милиони долари
Марк Волберг – 58 милиони долари
Бен Афлек – 55 милиони долари
Вин Дизел – 54 милиони долари
Акшај Кумар – 48.5 милиони долари
Лин Мануел Миранда – 45.5 милиони долари
Вил Смит – 44.5 милиони долари
Адам Сендлер – 41 милиони долари
Џеки Чен – 40 милиони долари

Објавено:
13 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
202 пати
Тагови: 
Двејн Џонсон