Вухан слави: После 76 дена, карантинот заврши

9 април 2020

Помешани емоции во Вухан. После 76 дена во карантин, граѓаните на овој град во Кина ќе можат слободно да се движат и да патуваат.

Сепак, мерките на заштита и претпазливост од Ковид -19 сè уште важат. Маски мора да се носат, да се врши редовна дезинфекција и да се проверува температурата.

Исто така, во некои делови од градот или работните места, да се ограничи пристапот на луѓе. Инаку, со завршетокот на карантинот, во Вухан повторно полетаа и авионите и тргнаа возовите.

За оние граѓани на Вухан кои ќе патуваат во другите делови на Кина, по пристигнувањето во новиот град, сè уште важи мерката 14-дневен карантин. 

Без разлика на сè, граѓаните на овој град вчера имаа помешани емоции, а дел од фотографиите што се шират по социјалните мрежи, ви пренесуваме во продолжение:

 фото извор: @mercnews; @soywacha; @yehoyesh; @adriana_spinozza; @newsclub_2020; @theimphalstory;

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.289 пати
Тагови: 
Вухан Ковид-19