За одмор од соништата посетете го Мароко

31 мај 2019

Веќе е вистинско време да почнете да го планирате годишниот одмор и да ја најдете совршената дестинација каде ќе ги наполните батериите за работите што ви претстојат.

Доколку ви здодеа да седите на плажа и годинава сакате нешто повеќе од тоа, збогатете го вашето искуство и фото – албумот со неповторливо патување во Мароко.

Иако можеби ви звучи далечно и недостижно, голем дел од агенциите нудат супер аранжмани ако се решите за одмор во оваа мистична земја, а секако, секогаш можете и на ваша режија.

Најпознатиот град во Мароко и место кое ќе ви овозможи најголемо уживање е Маракеш, познат по колоритните улици полни забавувачи, продавници, зачини, ресторани...

Секоја улица и секоја градба во овој град има своја приказна која вреди да ја чуете и на момент да се изгубите во неповторливата атмосфера што ви ја нуди.

Доколку сте обожавател на добра храна, нивната традиционална е нешто што не смеете да го пропуштите и нешто во што со сигурност ќе уживате ако сакате зачинети специјалитети.

Јадењата со месо, кус – кус, зеленчукот со зачини се само некои од најпознатите јадења што мора да ги пробате, а во некои од местата можете да уживате и во морските специјалитети.

Што се однесува до пијалоците, чајот од ментол е нивниот омилен, па најчесто така се разладуваат сите. Доколку сте за алкохолни пијалоци, истите ќе ги најдете само во некои од рестораните, но и таму се доста скапи.

Храната е со солидни цени, па секогаш можете да поминете сосема задоволителен одмор и доколку се храните во супермаркети. За прошетка низ градот најдобри се мини такси возилата, бидејќи во автобусите секогаш ќе наидете на огромна гужва.

Најдобро време за патување во Мароко доколку не сакате многу топло време се април и мај, септември и октомври кога температурите се умерени.

Директен лет до Мароко од Скопје сè уште нема, но голем дел од туристичките агенции нудат превоз до конкретниот аеродром, така што нема да имате проблеми.

Ако оваа година се надевате на исполнет и колоритен одмор за паметење, тогаш Мароко и сите негови волшебни места нека бидат вашиот избор.

Инфо: Tportal.hr

Објавено:
31 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
369 пати