За сите родители: Предавање на семејниот терапевт Станислав Петковски-Сашо за комуникацијата со децата

17 февруари 2020

Доколку сте родител, тогаш претстојното предавање на Станислав Петковски Сашо, семеен терапевт и клинички психолог, би можело да ве заинтересира.

Имено, како пионер во областа на трансакциската анализа и преку долгогодишно истражување низ реални родителски искуства, Станислав Петковски-Сашо пишува за двете сценарија на еден родител во развој. Едното е Победничкото сценарио – кога релациите меѓу родителите и децата постојано се подобруваат и носат позитивни промени. Тоa е и лекот со кој учите како внимателно да се обраќате кон децата. Другото сценарио е Губитничкото, односно она кое користи дискаунтирачки, навредливи зборови и е потенцијално оружје во врската со децата.

Ние како родители имаме природен порив да научиме како да бидеме подобри во комуникацијата со нашите деца. Со помош на советите од експертот во оваа област, можеме да ги усвоиме овие сценарија и да научиме како да бидеме подобри родители!

Ако сакате да научите повеќе за начинот на комуникација и за тоа како вашиот збор може да биде не само оружје, туку и лек, дојдете на 19 февруари во Јавна соба, на петтото Отворено предавање за отворени умови на Станислав Петковски-Сашо и на промоцијата на второто, надополнето издание на книгата „Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител“.

За настанот може да се пријавите на следниов линк – http://tiny.cc/u0ynjz

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
244 пати