Задолжително посетете го Јордан барем еднаш во животот!

25 април 2019

Пред нас е омилената сезона во која забораваме на сите грижи и заслужено одмараме на некое место за кое толку долго мечтаевме.

Ако ова лето сакате нешто повеќе од вообичаено и место на кое никогаш нема да заборавите, тогаш задолжително посетете го Јордан.

Конкретно, националниот парк Wadi Rum. Станува збор за место што многумина досега го имаат прогласено за најфасцинантно на светот.

Магично е бидејќи оние што го посетиле велат дека на ниту едно друго место не можете да уживате под ѕвезденото небо како таму.

Туристичките водичи се оние кои исто така се вистинска сензација, благодарение на неверојатните приказни што ги раскажуваат и традицијата на која се потсетуваат.

Подеднакво неверојатно е и зајдисонцето во овој национален парк по кое следи магична тишина и мир.

За сите љубители на архитектурата, тука ќе можете да видите историски храмови кои се дел од изгубениот град Набатеанс. Ако се најдете во овој национален парк, никако не смеете да го заобиколите ниту древниот локалитет Петра каде задолжително мора да имате фотоапарат со себе.

Не смееме да ја заборавиме ниту храната што ќе ви биде послужена таму во која ќе се вљубите доколку сте гурман и сакате да пробувате нови специјалитети.

За оние посмелите, Full Hotel Stars е место кое нуди ноќевање под ѕвездите во националниот парк, а станува збор за искуство што нема да го заборавите никогаш.

Јордан и националниот парк Wadi Rumi се дефинитивно меѓу најпопуларните дестинации оваа сезона, па доколку имате можност, пролетта или летото се убав период за прошетка.

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.434 пати