„Заливот на пингвините“ во ЗОО Скопје отворен за посетители

19 јули 2021

Долгоочекуваното живеалиште за новите членови на скопската зоолошка градина, пингвините и фламингосите, се отвори викендов.

Ако судиме според првите реакции, пингвинариумот веруваме ќе биде новото омилено место на голем број посетители.

„Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици - фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина.

Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима.

Идејниот проект е на архитектката Ивана Костовска, а градот Скопје финансиски ја поддржа изградбата на двете живеалишта. Деветте пингвини се од видот хамболт- живеат во топлите краишта на Чиле, Аргентина и Еквадор.

Во Скопје Зоо пристигнаа три пингвини од Италија и шест од Русија. Најмладиот пингвин е роден во 2020, а највозрасните два во 2014“, соопштуваат од Зоолошка.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од отворањето, па доколку се' уште не сте го посетиле овој нов дел, сторете го тоа што побрзо.

 

 

фото: facebook.com/ZooSkopje;

Објавено:
19 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
207 пати