Замина Шон Конери - џентлмен што ќе се памети!

31 октомври 2020

Светската јавност ја растажи веста за смртта на Шон Конери. „Би-би-си“ меѓу првите објави дека актерот почина во 90-тата година од животот, a тажната вест ја соопштило семејството:

„Татко ми почина мирно, во сон, во неговиот дом на Бахамите, каде престојуваше откако веќе некое време се чувствуваше лошо“, е изјавата на неговиот син.

Неодамна публиката го одбра за најдобар во улогата на Џејмс Бонд. Во таа улога ќе се најде дури седум пати, првпат во 1962 година, „Доктор Но“, кој ќе доживее огромен успех, но со својот раскошен талент и глума се здоби со почит и од најголемите критичари и љубители на филмот. 

Во 1989 година, Конери тогаш има 59 години, магазинот „Пипл“ ќе го прогласи за „Најсекси маж на светот“, а жените дефинитивно ќе се согласат со тоа. И не само таа година. Тој беше омилениот џентлмен повеќе од половина век, па кој би можел да се пофали со таков „стаж“.

Роден е во Единбург, на 25 август 1930 година, во сиромашно семејство, што ќе биде причина уште на рана возраст да почне да заработува, работејќи буквално се' и сешто. Уште како младич имал атлетско тело, што уште повеќе ќе го нагласи со бодибилниг, со кој ќе се занимава интензивно.

Така ќе почне да работи како модел во уметничко училиште.

Актерската кариера ја започнува во средината на 1950-те, но не со бомбастичен успех. Кога двајца холивудски продуценти почнуваат да бараат актер за шпионски филм, а неколку други актери откажуваат, Шкотланѓанецот се нуди и ја добива улогата.

Во својата богата кариера, одиграл дури 93 филмскии улоги. Малкумина знаат но, бил љубител и на поезијата, па и самиот пишувал и тоа често, но песните никому не ги покажувал. 

Оние што го познавале велат дека џетлмен и господин како него ( и во животот и во професијата) нема да се роди скоро.

 

Објавено:
31 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.249 пати
Тагови: 
Шон Конери