„Дизниленд“ почна да се подготвува за магичниот период од годината. Празничното украсување започна денес, а како пренесува магазинот „Пипл“ за истото ќе бидат посадени нови 100.000 дрвја и растенија, а од нив 300 ќе бидат елки кои ќе се засадат околу ресортот, како и 10.000 божиќни дрцја и 10.000 циклами.
Само на влезот од паркот, ќе стои портрет на Мики Маус, создаден од повеќе од 7.000 цвеќиња.
Во ресортот ќе биде поставена елка висока 18 метри, која ќе биде украсена со 1.500 украси, 100 електрични свеќи, 4.800 ЛЕД сијалички во разни бои, 70.000 бели мали ЛЕД сијалички и 1.200 блескави светла.
View this post on Instagram
Елката ќе се поставува со кран, а главната улица ќе биде украсена со дополнителни 220 украсни ленти и околу 80 венчиња, обвиткани со сијалички кои ќе ги има на излозите, покривите и светилките.
Хортикултурните дизајнери со завршетокот на годинашните декорации, веднаш започнуваат со осмислувањето на оние за следната година.
Инаку, секоја година, празничното украсување стои од почетокот на ноември, па сè до 6. јануари.
View this post on Instagram
И додека да излезат во јавност новите фотографии, во прилог ви презентираме дел од празничната атмосфера минатата година:
View this post on Instagram
View this post on Instagram