Писателката и ѕвездата на „My Big Fat Greek Wedding" Ниа Вардалос на својот Инстаграм профил објави дека снимањето на третиот дел од франшизата веќе е започнато во Атина.
- Во Грција сме на снимањето на „Мојата голема дебела грчка свадба 3" и ви благодариме за сите прекрасни пораки. - вели Вардалос во своето видео, притоа заблагодарувајќи се на Playtone, Gold Circle, HBO и Focus.
View this post on Instagram
Освен во главната улога, Ниа овој пат ја презима и режисерската палка во своите раце. Овој филм претставува нејзино второ режисерско остварување на долгометражен филм по „I Hate Valentine's Day" од 2009 година.
Првиот дел на „My Big Fat Greek Wedding" ја имаше својата премиера во 2002 година, а за него Вардалос доби номинација за Оскар за оригинално сценарио.
Филмот ја следи Фотоула „Тула" Портокалос (Вардалос), млада девојка со грчко-американска националност која се вљубува во чвек кој нема никаква поврзаност со Грција (Џон Корбет). Одејќи против приговорите на нејзиното семејство, Тула се мажи за него, со што започнува урнебесна борба да го натера нејзиното семејство да го прифати додека таа самата се помирува со своето потекло.
Фото: Yahoo
Оригиналниот филм стана мега-хит и сè уште важи за една од најуспешните и надобрите романтични комедии со најголема заработка досега, но второто продолжение од 2016 година не го ужуваше истиот успех. Напротив, се соочи со силни критики од критичарите и обожавателите.
Иако деталите за заплетот и актерската екипа за „My Big Fat Greek Wedding 3" засега се во тајност, постои голема возбуда и високи очекувања, како кај обожавателите на филмот, така и кај самата филмска екипа.