Запознајте ја Џулија, првата кукла со аутизам од „Sesame Street“

2 април 2019

Во чест на Меѓународниот ден за свесност за аутизмот, „Sesame Street“ ги претстави и останатите членови од семејството на Џулија, првата кукла со аутизам од познатата претстава.

Имено, таа е дел од шоуто веќе две години, а во истото дојде како резултат на иницијативата „See Amazing in All Children“.

abc_news

„Џулија има аутизам. Тоа е она што ја прави Џулија уникатна. Но, интересно е тоа што сите сме по нешто различни, но сепак исти. Елмо и Џулија имаат многу заеднички работи и секогаш многу се забавуваат заедно“, изјави ликот Елмо за „Добро утро Америка“.

Од продукцијата велат дека со вметнувањето на ликот на Џулија ќе им се посвети внимание на сите семејства кои се соочуваат со истата приказна, а ќе се говори и за тоа како да се надмине „булингот“ на училиште за сите оние кои се поразлични.

cbs_news

Семејството на Џулија ѝ пружа огромна поддршка. Нејзиниот татко свири саксофон, мајка ѝ е учителка по ликовно, а нејзиниот брат е секогаш заштитнички настроен кон неа.

„Бидејќи Џулија има аутизам, таа ги прави работите малку поразлично од останатите. Можеби ќе ви треба малку повеќе време да ја запознаете Џулија, но само поради тоа што не ви одговара, не значи дека не сака да бидете пријатели“, вели Сем кој го толкува ликот на братот на Џулија.

smithsonian_magazine

Целиот месец април е посветен на лицата со аутизам, додека денеска, 2 –ри април е Меѓународниот ден за подигање на свесноста на лицата со аутизам.

Според Македонското научно здружение за аутизам, во Македонија има од 15 до 20.000 лица со аутистичен спектар.

Инфо: ABC

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
81 пати