Запознајте ја нашата мала јутјуберка Лаура и научете како се прават палачинки во боја во нејзината кујна

26 март 2020

„Лала Шоу" е релативно нов, детски јутјуб канал кој е прозорец кон светот на четиригодишната Лаура од Скопје.

Таа заедно со нејзиното другарче Фуфи ги учат децата на едукативни содржини, а притоа се забавуваат, уживаат и се смеат.

Низ досега објавените видеа на „Лала Шоу", Лаура ви го открива рецептот како се прават палачинки во боја, на дечињата им покажува како правилно се мијат рацете, а ќе имате можност и да видите кои се нејзините омилени игри дома, што може да ви послужи и како инспирација како вие да ги анимирате вашите деца.

Добредојдовте во светот на Лаура!

 

Објавено:
26 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.658 пати