Збогување со маестро Мориконе

6 јули 2020

Музичкиот свет денеска се збогуваше со еден од најпознатите, најголемите композиторски имиња, Енино Мориконе.

Тажната вест ја споделија италијанските медиуми, а по потврдата на неговото семејство. Тие потенцираа дека вечното испраќање на композиторот, кој почина на 92. годишна возраст, ќе биде приватен. Причина за смртта е последица на пад.

Оваа информација растажи голем број негови обожаватели и почитувачи на неговото лик и дело. Во својата богата кариера, Мориконе снимил повеќе од 500 композиции за филмски остварувања и продал преку 70 милиони плочи.

Имал дури шест номинации за „Оскар“, а освоено две, како и три „Гремија“ и четири „Златни глобуси“.

Кариерата ја почнува создавајќи музика за театар, потоа и за филм, а светската популарност ја доживува по соработката со режисерот Сержо Леоне, за вестернот „За шака долари“ од 1964 година, за кој ја создаде музиката. Нивната соработка потоа се продолжи со остварувањата „За долар повеќе“ и „Добар, лош, зол“.

Негова е и музиката за филмот „Беше еднаш во Америка“, а дури и Квентин Тарантино посака да соработува со Мориконе, што и се случи. Речиси во секој филм на Тарантино има дела на познатиот композитор.

 

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
201 пати
Тагови: 
Енино Мориконе