Збогување со Сабина Ајрула...

10 август 2021

Македонската јавност вечерва ја дочека жална вест - после подолго и тешко боледување почина нашата истакната актерка Сабина Арјула Тозија (75).

Родена е во Скопје, 17 април 1946 година.

По завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде" во Скопје (1965) се вработува во Драмскиот театар – Скопје (1967) на чија сцена остварила повеќе од шеесет ролји.

Остави значителна трага во светот на театарот и македонската кинематографија.

Повозрасните генерации ја паметат како Фатиме во „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски (1979).

Во 1996 година ѝ беше доделена наградата „Климент Охридски“, а иста­та го­ди­на ја до­би и на­гра­да­та за нај­до­бра актер­ка бла­го­да­ре­ние на Агнеса, за прет­ста­ва­та „Игран­ка во вре­ме­то на Лу­на­са". Со таа прет­ста­ва Ајрула имаше го­ле­мо вра­ќа­ње на сце­на­та. Играа че­ти­ри актер­ки на иста во­зраст : Ајрула, Мај­да Ту­шар, Сне­жа­на Ста­ме­ска, Лен­че Де­ло­ва и Звездана Ан­ге­лов­ска, ко­ја ја глу­ме­ше најм­ла­да­та се­стра.

Освен на матичната сцена играла во скоро сите македонски театри, Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот" од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје, како и во повеќе независни театарскипродукции, чии претстави се поставени и изведени во Универзалната сала во Скопје, Младинскиот културен центар – Скопје, Независниот театар „Театра".

Во позначајните ролји по кои ја препознава публиката и за која е наградена се вбројуваат: Лисјена во „Болва во уво“ од Жорж Фејдо, во режија на Димитрие Османли (1974), Гертруда во „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Слободан Унковски (1977), , Џеси во „Добра ноќ“, мајко од Марша Норман, во режија на Мето Јовановски (1987), Ким Фулер во „Дамите“ од Аламоод Пол Зиндел, во режија на Виолета Џолева (1993), Лени во „Злостори на срцето“ од Бет Хенли, во режија на Карма Ибзен (1995), Герасија Кузмич Петрина во „Платоновод Чехов“, во режија на Димитар Станкоски (1999), Хекуба во „Орестод Еврипид“, во режија на Стојан Стојановски (2004) и многу други. Една од улогите кои придонесоа да се истакне како сериозна актерка комплетно фокусирана на пренесување на актерската колоритност што ја поседува е и улогата на Мајка Тереза, во претставата „Светица“ на темнината од Венко Андоновски, во режија на Нина Николиќ (МКЦ, 2011).

Нејзиниот опус брои повеќе од седумдесеттеатарски ролји со кои настапувала и на познатите театарски фестивали во земјата и надвор, како што се Дубровничките летни игри, Охридско лето, МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп, на фестивалите во Шибеник, Каракас, Стеријино позорје – Нови Сад, МЕСС и многу други.

Кога се телевизиските и проектите на големото платно во прашање, ја паметиме како дел од култната тв серија „Салон Хармони“ каде што ја глумеше Грозда, но и сериите „Илинден" (1982), „На наш начин", „Солунски патрдии", „Трето доба".

„Итрата вдовица" (ТВ филм, 1969), „Жед", „Јад", „Исправи се Делфина", „Оловна бригада", „Црвениот коњ", „Јазол", „Тетовирање", „Ангели на отпад", „Сенки" се дел од филмовите каде е впишано и нејзиното име и кои ги има збогатено со својата изведба.

Меѓу последните ангажмани ѝ се сериите од македонска продукција „Фамилијата Марковски", „Зоки Поки".

Во 2015 година ја доби наградата „Војдан Чернодримски“ за животно дело.

Нејзината посветеност кон актерската креација се препознава и во улогите на театарските сцени и на филмското платно и пред телевизиските екрани. Без разлика дали станува збор за улога во детска претстава, на целовечерна претстава на матичната сцена, некое гостување, или филмска и/или телевизиска ролја, Сабина Ајрула создава на ист начин – искрен, внимателен.

Нејзиниот пристап и талент се инспирација и благодарни сме што имавме можност да посведочиме и да ѝ се восхитуваме на сцената низ долгогодишната работа.

 

Објавено:
10 август 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.978 пати