Здружението „БОРКА“ најави доделување на бесплатни перики

12 мај 2020

Од здружението „БОРКА“ чија основна цел е да им се помогне на заболените од рак, денеска на својот официјален Фејсбук профил соопшија дека од четврток повторно ќе започнат со доделување на бесплатни перики.

„Со оглед на новонастанатата ситуација, времето кога ќе може да подигнете перика ќе биде ограничено. Затоа, сите кои имаат потреба од перика, сакамe да ве известиме дека пред да дојдете во центарот, потребно е да се јавите на телефонскиот број 075 22 88 99 и да го закажете вашиот термин однапред.

Сите оние кои треба да дојдат во центарот, ги замолуваме да ги почитуваат протоколите за безбедност, да користат маски но и да ги почитуваат препораките од нашата координаторка, што се' е потребно да се обезбеди пред дојдете.

фото: facebook.com/borkaorgmk

Ние во БОРКА сме спремни да се видиме со вас и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на докторите од 3D Принт Медицинска Опрема кои не обезбедија со визири и нашите долгогодишни пријатели од Medicus Help за маските и скафандерите, за да може безбедно и заштитени да ја обавуваме нашата работа и да помагаме на сите вас.

Бидете ни добри и чувајте се“, гласи нивната порака.

Преземањето на периките ќе се врши во нивниот центар,

Објавено:
12 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
156 пати
Тагови: 
Борка перики