Згасна животот на жирафата Тобого од ЗОО Скопје

15 јануари 2021

Со голема болка и тага, Зоолошката градина во Скопје, вчера ја извести јавноста дека згасна животот на една од трите жирафи, жители на Зоолошката. Станува збор за жирафата Тобого, која заедно со останатите две, беше меѓу омилените животни на децата и возрасните посетители. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)

Тобого беше роден во Франкфурт во 2010 година, а стана жител на ЗОО Скопје во 2013. 

„Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување. Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен.“ - се збогуваа вработените. 

 
Објавено:
15 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.207 пати