„Дали мажите имаат жени-херои?" со ова прашање на Твитер, адвокатката Џесика Браун предизвика бројни реакции, коментари и различни ставови во заедницата.
Одговорите што таа ги добила биле искрени и образложени до детали, пренесува магазинот Bored Panda.
Голем дел од мажите одговориле дека гледаат херои во своите мајки и во „челичната лејди" Маргарет Тачер.
Заклучокот до кој дошла адвокатката со оваа „анкета" е дека голем дел од мажите имаат свои жени-херои, од научници до личности од приватниот живот, но и дека има такви кои единствено идеализираат други мажи. Едноставно, се зависи од личната перцепција и треба да се земе предвид и тоа дека некои мажи имаат проблем во прифаќањето на жените-херои што се должи на различни фактори што влијаат на нивните погледи, од домашното воспитување и средината во која созревале до стереотипите со кои дури и модерното општество се уште се соочува. Но, имало такви кои кажале дека сите нивни херои се всушност жени.
Помеѓу жените за кои мажите кажале дека им се воодушевуваат, посочени се и: нобеловката Марија Кири Склодовска, анархистката и писателка Ема Голдман, Опра Винфри, хемичарката Росалин Френклин, покрај мајките, сопругите, бабите кои мажите често ги споменувале во своите Твитови.