Жените во Југославија имаа магични моќи: Вриеја алишта, шиеја, правеа сирење...

17 октомври 2019

Веројатно ако денеска некој ви рече дека ќе треба да ги вриете алиштата на шпорет, наместо да ги наместите во машината за перење и стиснете едно копче, нема ни да го дослушате.

Токму ова, нашите мајки и впрочем најголемиот дел од жените во Југославија го правеле редовно, бидејќи и немале многу други можности.

Aska.rs

На денешните млади луѓе е многу тешко да им се објасни што значи зборот „штиркани“ кошули, бидејќи најверојатно никогаш и не се обиделе да го направат тоа, а сигурно им се гледа и како сложена и долга процедура.

Во продолжение неколку потсетувања на тоа што нашите мајки често правеа, а денеска сето тоа изгледа како нешто невозможно, најчесто поради немањето време како изговор или полесните варијанти.

-Вриење на постелнината за да се добие/одржи белата боја

Telegraf.rs

Ако денеска решите да купите постелнина, ќе биде многу тешко да се најде чисто бела, односно речиси на сите има додадено разни принтови или пак се во целосно други нијанси. А доколку најдете пак, по само неколку перења, без разлика на скапата машина или прашок, истата ќе добие сива или жолтеникава нијанса. Нашите мајки успеваа да ги одржат белите постелнини бели и совршени и по 30 години со вриење во лонец на шпорет каде додаваа единствено сода бикарбона и сапун за перење. Денеска, вакво нешто е невозможно, бидејќи секоја домаќинка се „колне“ во својата машина, иако мора да признаете дека има огромна разлика во тоа како постелнините или чаршафите изгледаат денес и како изгледале тогаш.

-Штиркање

Ако побарате на Јутјуб, најверојатно ќе пронајдете некое видео за да видите како изгледа целата процедура за штиркање на кошули или чаршафи. Со оваа процедура, се задржува основниот облик на парчињата, се одржува нивната првична бела нијанса, помалку се гужваат и остануваат чисти. За денеска да го постигнете истото, обидете се да растворите скроб во некој сад и да вметнете некое веќе испрано парче облека, добро исцедете го и исушете го половично, па испеглајте. Ќе ја воочите разликата.

-Шиење

Веројатно ако денеска се скине дел од вашата облека, особено долен веш или чорапи, престанувате да ги носите истите, наместо да ги поправите на лесен начин – со шиење. Порано, чорапите и вешот се крпеле толку долго сè додека повеќе нема место каде да се вметне конец. Жените без проблем го правеле тоа, сè со цел да ги научат своите деца како на едноставен начин може да се заштеди, а сепак да се уредни и добро облечени.

Thrifty Fun

-Везење

Иако станувало збор претежно за хоби или навика на младите девојки, везењето е нешто исклучително, нешто што денеска се смета за трајна вредност. Но, истото било и практично во случаите кога ќе се скинело некое омилено парче облека, па добивало сосема нов изглед со неколку интересно извезени моменти. Одреден период, везените фармерки биле толку голем хит, што се везеле дури и кога не биле скинати. Истото беше случај и со поставување на декоративни моменти на облеката, во вид на пеперутки, цветови и слично, а кои секоја девојка сама си ги поставувала за да ја разубави веќе износената облека.

-Правење домашни млечни производи

Youtube

Иако и денеска оваа пракса е во подем, особено откако модерните мајки ги открија бенефитите на природните и органски производи, правењето млечни производи во домашни услови порано било секојдневие. Веројатно се сеќавате како вашата мајка постојано дома имала кисело млеко, сурутка, кефир, па дури и сирење. Процедурата е можеби долга, но секогаш вреди да се проба.

Инфо: Stil.kurir.rs

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.395 пати