Животот на Јованка Броз ќе биде преточен во тв-серија

23 јуни 2020

„Јованка“ - едноставен и сосема доволен наслов на серијата која ќе го прикаже животот на некогашната прва дама на Југославија, Јованка Броз.

Оваа вест, која првично ја објави „Вечерњи лист“, предизвика огромен интерес во регионот. Продуцентската куќа „Адреналин“ и сценаристката Милана Влаовиќ се дел од оние кои веќе почнаа со подготовките.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lozen (@lozen_me) onApr 6, 2020 at 10:04am PDT

 Како пренесуваат хрватските медиуми, основата на сценариото е веќе направена, а ќе се ангажира и англиски автор, специјализиран за историски драми за познати личности.

Серијата ќе биде фокусирана на животот на Јованка, од аспект на жена, човек, како и тоа како луѓето и околностите влијаеле врз неа. Од продукцијата потенцираат дека се работи за фикција и за тоа како таа гледалана историските околности и животот со Тито.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by #TIPICA_SLAVICA (@tipica_slavica) onNov 26, 2019 at 9:19pm PST

Кој ќе ги толкува Јованка и Тито, сè уште не е познато, кастингот е оставен за септември и тоа во сите поранешни држави на Југославија. Секако за ликот на Јованка ќе бидат ангажирани неколку актерки, бидејќи серијата ќе го прикажува животот на првата дама во различни возрасти.

Она што е познато е дека серијата е во копродукција на повеќе земји, па така снимањето кое е закажано за 2021 година ќе се одвива во Хрватска, Србија, Русија и Египет.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by VladimirSimic1 (@vladimirsimic1) onApr 6, 2017 at 7:26am PDT

За сега се предвидени две сезони со по шест епизоди, а поради неизвесноста со пандемијата на Ковид-19, сè уште не се откриваат деталите околу премиерата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zeyhun Raimov (@zeyhunraimov) onMar 7, 2017 at 12:37pm PST

 

Објавено:
23 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
396 пати
Тагови: 
Јованка Броз