ЗОО Скопје добива 7Д кино

20 јули 2021

Од скопската Зоолошка градина соопштуваат дека наскоро ќе добијат 7Д кино.

Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот. Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.

„Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот.
7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори", вели директорот на зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

Објавено:
20 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
124 пати