Зошто најголем број од анимираните ликови имаат жолта боја?

22 март 2021

Сунѓерот Боб, Пикачу, „Симпсонови“, популарните „Мињони“, но и фустаните на Снежана и принцезата Бела се жолти, Тивити и мачорот Тошо се исто така со жолта боја...

Ако сте се прашале некогаш зошто многу од анимираните ликови имаат жолта боја (во последно време се' повеќе), најдовме неколку интересни одговори на ова прашање кои ви ги пренесуваме во продолжение:

Контраст

Заедно со сината и црвената, жолтата спаѓа во таканаречени примарни бои. На нашите екрани пак, најмногу среќаваме зелена, сина и црвена. Со оглед на тоа дека жолтата се наоѓа на спротивниот крај на спектарот бои во однос на сината, а сината се користи најчесто за позадина во анимираните филмови (небо, море), жолтата се наметнува како идеален избор за боја на главните јунаци.

Психологија

Луѓето жолтата јха врзуваат со оптимизам и радост. Тоа го потврдуваат многу истражувања, па затоа и не е чудно што позитивните ликови во анимираните филмови се токму жолти или носат таква боја. Негативниците се најчесто во темни нијанси - црна, виолетова, црвена...

Привлечност

Дури и во однос на останатите примарни бои, жолтата најлесно го привлекува вниманието на гледачот. Таа е највидлива кога осветлувањето е слабо, а на дневно светло е втората највидлива боја, па не е чудно што често се користи и за сообраќајни знаци.

Децата ја обожуваат

Веќе десетици години наназад, жолтата се користи во маркетингот наменет за деца. Тие, како и возрасните, ја врзуваат оваа боја со нешто позитивно, па често играчките се спакувани токму во жолта опаковка.

 

Објавено:
22 март 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
237 пати