Зошто „Оскарите 2019“ уште од номинациите се историски?

24 јануари 2019

Во исчекување на 91. издание на „Оскари“, кое е закажано за 24.февруари во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, неодамна беа соопштени и номинациите.

Но, тука не заврши фамата околу оваа манифестација. Имено, се крена нова прашина, а како пренесуваат странските медиуми, токму номинациите укажуваат на фактот дека многу работи придонесуваат ова да биде историско издание на „Оскарите“.

Зошто?

Најмногу номинации годинава имаат филмовите „Рома“ и „Фаворитот“, по десет. Но, она што е интересно е што „Рома“ е првиот филм на „Нетфликс кој некогаш бил номиниран за „Најдобар филм“ на Оскарите. 

Воедно, „Рома" има можност да стане прв филм со Оскар за најдобар филм и за најдобар странски филм, а актерката Јалица Апарисио која ја толкува главната улога во остварувањето е номинирана за најдобра актерка за својата прва филмска улога и е прва домородна жена на која ѝ успеало тоа.

Од друга страна, филмот на „Марвел“, „Блек Пантер“ е првиот филм за суперхерои што некогаш бил номиниран за „Најдобар филм“, а воедно филм со најголема заработувачка од седумте номинирани вкупно.

„Ѕвездата е родена“ е исто така номинирана за „Најдобар филм“ и по оригиналот во 1937 година, ова е втората верзија во трката за престижната награда. Интересно е што Сем Елиот, кој ја игра главната споредна улога, за првпат е номиниран за „Оскар“ и тоа точно на 50 години од својата прва улога. Дали ќе му успее и да го освои, останува да видиме.

Прва номинација е и за Рами Малек како Фреди Меркјури, фаворитот според многумина.

Кога се останатите категории во прашање, Глен Клоуз ја има седмата номинација за „Оскар“, овој пат за „Најдобра женска улога“ за филмот „Сопругата“. Претходните шест номинации не и' донесоа „Оскар“, но според предвидувањата, шансите за тоа овој пат се навистина големи. Инаку, во истата категорија се номинирани и Лејди Гага, на која ова и е прва номинација на „Оскар“ за прва главна улога во филм. Ејми Адамс пак, по шести пат ќе се обиде да го освои „Оскарот“ за улогата во филмот „Потпретседателот“ за „Најдобра споредна улога“

Сите номинации можете да ги погледнете на линкот ОВДЕ.

Кој е вашиот фаворит?

 

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
394 пати
Тагови: 
култура Оскари