Зошто пријателе?

30 октомври 2023

Не постои некој што не погледнал барем една епизода од "Пријатели", барем едно делче од случките на легендарните шестмина кои ни покажаа што значи да си вистински другар.

Моника, Рејчел, Фиби, Џои Рос и Чендлер... Мислевме дека засекогаш ќе бидат сите заедно и потајно се надевавме дека ќе ги видиме барем уште еднаш во некое продолжение.

Пријатели не беше само уште една хумористична серија. Тие беа обележје на една деценија. Секој беше посебен на свој начин, секој умееше да не насмее, но сепак капата му ја симнуваме на единствениот Чендлер Бинг (Метју Перу).

И тука доаѓа неверувањето и се прашуваме зошто пријателе? Зошто мораше прерано да заминеш?Забавата требаше да продолжи...

Но, тоа е животот.

Метју Пери е роден во Масачусетс 1969-та година, а пораснал во Канада.

На 15 години се сели од Отава во Лос Анџелес за да го продолжи школувањето и да изгради актерска кариера.

Својата прва поголема улога ја добива во серијата Boys Will Be Boys, а потоа следува Пријатели.

Легендарната серија ќе го направи Метју ѕвезда преку ноќ, заедно со останатите колеги актери.

Она по што ќе се сеќаваме на него е извонредниот хумор, со саркастична нишка – токму она поради кое го засакавме Чендлер.

Чендлер не засмеваше, но и ни покажа што значи да си вистински пријател, да сакаш со целото срце и да дадеш поддршка во тешките мигови.

Сепак Метју не успеа да се избори со сопствените демони и сето она што се обидуваше да го скроти.

Пред да замина Метју напиша и книга во којашто ја раскажува својата борба со зависностите. Потсетник што го остави за оние на кои им треба поддршка во животот.

Можеби не напушти пред два дена пријателе, но ќе бидеш тука уште долго.

Could you be more missed...

Фото: Pinterest

Објавено:
30 октомври 2023
Категорија: 
Култура