Фондацијата Елена Лука со „Буден театар“ организираа претстава за најмладите во Пехчево

14 февруари 2017

Да се биде солидарен, хуман, да се прифатат различностите и да се задржат и промовираат вистинските човечки вредности, беше основната порака на претставата „Писмо некому" што вчера беше прикажана пред најмладите во Пехчево, а во организација на Фондацијата Елена Лука и театарот „Буден театар".

„Фондација Елена Лука, во соработка со Општина Пехчево и „Буден театар“, организираше прикажување на детската театарска претстава „Писмо некому" во Домот на културата „Јане Сандански" во Пехчево. Најмладите од Општина Пехчево имаа можност да уживаат во иновативна театарска претстава која испраќа позитивни општествени пораки за солидарност, хуманост и прифаќање на различностите", велат од Фондацијата.

Инаку претставата која е базирана на приказните на холандскиот автор за деца Тон Телехен е во режија на Милиана Ленак, игра актерката Сара Климовска, а во музичка придружба на Виктор Гајтаноски и Драгана Заревска.

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
151 пати