Здружението "Добредојде" Macedonia Welcome Centre (DMWC) кое веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките на својата програма за промовирање на македонската историја, култура и традиција и оваа година, а сега веќе традиционално по трет пат на 29ти октомври со почеток во 19:00 часот во Музеј на Македонска Борба ќе ја организира модната ревија „Made in North Macedonia: Модни куќи".
Oваа по ред трета модна ревија„Made in North Macedonia: Модни куќи" ќе биде колаж од познатите македонски модни брендови меѓу кои и етаблираниот бренд Елена Лука, Албатрос, Мак Примат, Бела и други. Овогодинешната тема е артикулацијата на македонските реномирани модни куќи како своевиден омаж на современата домашна текстилна индустрија. Во склоп на овој настан ќе бидат поканети 200 гости како домашни така и странски преставници од меѓународната заедница кои престојуваат и живеат во Македонија.
Ова е настан подржан од Министерство за култура , а оваа година на наше големо задоволство во соработка со Британската Амбасада моднота ревија ќе биде отворена од Н.Е. г-ѓа Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединето кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија.
По повод 10годишнината на здружението обракање ќе има и Н.Е. г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, Aмбасадор| на Република Србија во Република Северна Македонија и почесен претседател на здужението "Добредојде" Macedonia Welcome Centre.