Секогаш пред времето: Елена Лука знае како да ја носи екстравагантноста што самата ја создава

26 октомври 2020

Кога едно парче облека оживува карактер, момент, спомен во кое се вложени часови рачна работа, посветен труд, уникатна идеја и перфектна изработка – тогаш тоа парче облека добива вредност на уметност. Димензија што го надминува материјалното и преминува во артистично дело вредно за восхит.
Тоа парче добива душа кога на себе го носи дама што всушност и знае како да ја издржи неговата уметничка тежина.

Елена Лука е дамата која креира екстравагантност и знае како да ја носи на себе, како вистински промотор на својата уметност. Секогаш достојна и на амбиентот на настанот и на личниот сензибилитет. Имавме уште една прилика да го потврдиме тоа.

Во недела, на централната прослава на милениумскиот јубилеј на Бигорскиот Манастир, каде г-ѓа Елена Лука беше одликувана со почесен орден од прв ред „Претеча" за сите нејзини заслуги за поддршка на мисијата на Бигорската Обител, таа покажа достојност и почит кон големината на настанот повторно на себе носејќи уникат од својот бренд.

Специјално дизајниран по концепт наменет за безрезервната големина на ова благородно случување, Елена Лука одговори на сите протоколи, а притоа го задржа екстравагантниот сензибилитет што е во есенцијата на брендот што го предводи.

 

„Ваква чест е од непроценливо духовно значење за мене. Затоа внимавав достојно да одговорам на поканата и да ги испочитувам сите детали од протоколот. Секако тоа не го исклучува и модниот протокол, затоа сериозно и овојпат се посветив на концепт што идеално ќе се вклопи во амбиентот. За мене секогаш од непроценлива вредност е рачната изработка која му дава уметничка тежина на секое парче, а тоа стана нераскинлив дел од генетиката и синоним за брендот", посочи г-ѓа Елена Лука, која за оваа ретка и исклучително значајна прилика носеше уникатна, повеќеслојна свилена тоалета кај која акцентот е токму на автентичната рачна изработка.

 

Вредноста на овој дизајн ги вклучува сите детали што од едно модно парче создаваат уметничко дело, изработено по замислата на г-ѓа Елена Лука. Креирано е од лелеава свила во повеќе слоеви. Вториот слој е всушност наметка со богат рачно изработен декор со кристали во златести нијанси кои добиваат фокус на црната основа, а во кројот е имплементран и лелеав плисиран сегмент што ја надополнува грандиозната целина. Деталите го следат луксузот што го дефинира ова модно парче, па аутфитот е финиширан со рачно изработени модни додатоци кои го надополнуваат совршениот впечаток – плико чанта, ракавици и заштитна маска.

 

Во секој поглед и во секоја прилика уникатна и единствена, Елена Лука е пример како е да се биде достојна на својата улога и функција во секоја околност. А истовремено и чекор пред своето време со визионерски пристап што секогаш ја носи на врвот.

Објавено:
26 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
987 пати
Тагови: 
Елена Лука