Модниот дизајнер Џорџо Армани донираше 1,4 милиони долари на неколку здравствени установи во Милано и Рим за справување со коронавирусот кој Италија ја стави на листата на најпогодени земји, втора по ред после Кина, во однос на бројот на инфицирани.
Армани чие седиште е во Милано кој е еден од најзагрозените градови, сумата ја донираше на три болници лоцирани во овој град, на една болница во Рим и на Агенцијата за граѓанска заштита, информраа од секторот за односи со јавност на брендот.
Инаку, на неодамна завршената Модна недела во Милано, модната куќа ја промовраше својата нова колекција зад затворени врати односно без публика.
Според последните информации, во Италија досега починаа 460 лица како последница на коронавирусот, а повеќе од 9000 се инфицирани.
Од вчера во целата земја е прогласена црвена зона и е ставена во изолација.
Фото: Daily mail