Токио од „La Casa de Papel“ во зелен фустан од Каролина Ерера е сериозна конкуренција за современа модна икона

27 април 2020

Ултра популарната шпанска актерка Урсула Корберо, актуелна со улогата на Токио во популарната серија „La Casa de Papel" е се поинтригантна за модниот свет.

Како забележува светски успех во актерската кариера, така за неа се заинтересирани сè повеќе модни дизајнери кои веќе ја ангажираат во своите модни кампањи, а неретко на насловните страни се појавува носејќи на себе светски луксузни етикети.

Таков е случајот и со неодамнешната фотосесија за магазинот InStyle, во која Урсула носи екстравагантни дизајни на повеќе светски модни куќи, меѓу кои и драматично-елегантен зелен фустан од Каролина Ерера, во кој изгледа како светска модна дива.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAROLINA HERRERA (@carolinaherrera) onApr 25, 2020 at 6:00am PDT

Се работи за модел што последниве неколку сезони е светска тенденција со акцент на воздушестата игра со волуменозните ракави.

Кратката коса воопшто не смета на нејзината женственост, напротив го потенцира нејзиниот нескротлив сексапил и шарм, па токму затоа нејзината фризура во новото продолжене на серијата, е една и од најактуелните за 2020 година, со што се потврдува нејзиното модно влијание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Úrsula Corberó  (@ursulolita) onMar 29, 2020 at 10:39am PDT

Фото: Инстаграм

Објавено:
27 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
436 пати