Фустан на принцезата Дијана продаден за рекордни 1,1 милион долари

20 декември 2023

Фустан на принцезата Дијана се продаде за рекордни 1,1 милион долари на аукција викендов.

Црно синиот вечерен фустан беше купен за сума 11 пати поголема од очекуваната, што е само показател колку принцезата е се уште обожувана и покрај фактот што не е со нас веќе 26 години.

Дијана го носеше фамозниот фустан на вечера организирана од градоначалникот на Фиренца во 1985-та, а следната година на симфониски концерт во Ванкувер, Канада.

Фустанот е дело на Британскиот дизајнер со мароканско потекло Жак Азагури а во тоа време беше дефиниција за кралската елеганција и грациозност на Дијана.

Креацијата се продаде заедно со детална илустрација од истиот. За неговата изработка беа користени префинети материјали како црно кадифе за горниот дел и органза за синото здолниште со панделка.

Дијана беше првата што даде дел од својата облека на аукција, само неколку месеци пред да трагично да почине. Нејзините 79 фустани собраа 3,25 милиони долари за добротворни организации.

Фото: Facebook/The New York Times, NEWSMAX

Објавено:
20 декември 2023
Категорија: 
Актуел