Кога искреното пријателството раѓа ремек дела - маестрална креација на ЕЛЕНА ЛУКА

18 септември 2023

Кога некој те знае каков си повеќе од 30 години...Кога некој знае што му одговара не само на твојот изглед туку и на твојот карактер и сензибилитет...Розовата боја се согласивме дека не само што ми прилега како боја и е конекција со првата оптика... таа е и симбол на една позитивна енергија и ведрина во сивпото окружување и денес и пред 30 години... и секогаш. И да секоја жена колку и да е силна, моќна, успешна...сепак е сензибилна и романтична, но и со неизмерна сила и моќ.

Ова беа зборовите на г-ѓа Марија Костуранова со која што ја искажа својата голема благодарност за неизмерната поддршка од ЕЛЕНА ЛУКА и долгогодишното пријателство со г-ѓа Елена Пандева.

На големиот 30 годишен јубилеј на Dioptra Optics, г-ѓа Марија носеше креација на нашиот познат бренд - елегантен фустан во пудер розова нијанса, уметничко дело на модната куќа.

Горниот дел на фустанот е корсет изработен во техника на мулаж, а нежната пудер нијанса додава доза на безвременска класичност.

Долната половина на фустанот, пак продолжува со раскошно здолниште кое создава грандиозен и драматичен изглед. Совршениот избор на ткаенината го надополнува впечатокот и го прави фустанот комфорен за носење, галејки ја кожата со свилен допир.

И како посебен романтичен детаљ кој ја заокружува идејата за еден ваков изглед, е шалот којшто го гали вратот создавајки впечаток на суптилност, нежност и романтичност.

Инспирација за моделот дизајнерскиот тим ја најде токму во розовата боја, заштитен тон на брендот на Марија Костуранова.

Mаестрална изведба од ЕЛЕНА ЛУКА е само уште еден доказ за тоа колку труд, внимание и време се посветува на секој дизајн, особено кога е наменет за дама како г-ѓа Марија од Диоптра.

За пријателство кое трае и раѓа модни ремек дела. Сите комплименти за ЕЛЕНА ЛУКА и дамата која изгледа извонредно во оваа уникатна креација.



 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (elenaluka_official)

Објавено:
18 септември 2023
Категорија: 
Актуел