Уште една евровизиска сцена вчера блесна со полн сјај, а од вкупно 16 претставници кои надежно очекуваа пласман, само 10 обезбедија учество на финалето во сабота.
По возбудливите настапи на талентираните музичари публиката гласаше, а одбрани беа следниве земји: Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.
Тие ќе им се придружат на финалистите од првата полуфиналната вечер во утрешното големо финале, каде што вкупно ќе настапат 26 земји.
За модните решенија на натпреварувачите, може многу да се дебатира, па така и годинава можеа да се забележат стајлинзи кои варираа од екстремна драматичност, до лелеав гламур, но и светкави костими во сите бои.
Можеби најмногу се истакнаа трите водителки, од кои две во раскошни тоалети со жолта и црна боја, а тука некаде се провлекоа и стајлинзи во скај, кој можеби беше малку подзаборавен годините наназад.
Мал дел од атмосферата во продолжение.
Фото: eurovision.tv