20 години од смртта на принцезата Дајана

31 август 2017

На денешен ден пред 20 години, на 36-годишна возраст, омилената принцеза Дајана го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Во изминативе две децении се појавуваа разни сведоштва, документарни филмови околу вмешаноста на кралското британско семејство во нејзината смрт, но остана на тоа. Официјална потврда никогаш не се доби, иако многумина тоа го сметаат за јавна тајна, односно премолчена вистина.

Како и да е, принцовите Вилијам и Хари уште како деца останаа без својата мајка. Вилијам имаше 15 години, а Хари 11. Дваесет години подоцна, тие во друштво на Кејт Мидлтон го посетија гробот на омилената принцеза на Британците.

„Се сеќавам дека беше одлична во танцот. Ми ги покажуваше нејзините чевли за балет, уживаше во тоа. Сега Шарлот учи да танцува и воодушевена е – вели Вилијам.

Овој ден е посебно важен и тежок и за Елтон Џон. Тој беше нејзин голем пријател, дури по нејзината смрт ѝ посвети и песна „Candle in the Wind“, која ја свиреше на погребот. Денес, на социјалните мрежи објави заедничка фотографија додавајќи „пред 20 години изгубивме ангел. Почивај во мир“.  

И после две децении, таа има голем број обожаватели што искрено жалат што повеќе  ја нема. За тоа сведочат и фотографиите од утринава пред Кенсингтонската палата.  Тие плачат, палат свеќи, оставаат цвеќиња, постери, предмети, во нејзина чест.

-Ова го правиме секоја година. Ја следев додека беше жива, бевме куќа до куќа. И беше навистина прекрасна дама. Потоа стана принцеза, но сè уште нормална и многу грижлива. Пред 20 години седев овде 20 години. Бев многу тажна тогаш, но сега го славам нејзиниот живот - вели 41-годишната Нику Сурдиџ, една од многу нејзини обожаватели.

 

 

Објавено:
31 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
662 пати